Со нејзината смрт жените во селото здишнаа олеснето, зашто пред извесно време, пред да се растури фронтот, Цанулица, сета бесна, влета во црквата на празничен ден кога попот Матлија држеше богослужба и му свика: ”Ти попе, црквата да си ја гледаш, а не да се мешаш во туѓи работи...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)