е (гл.) - укаже (гл.)

После овој немил настан – кој уредно е пријавен и од страна на самиот работодавач, таа веднаш се упатува во болница, каде ѝ е укажана прва медицинска помош, ѝ се отстрануваат остатоци од парчето емајл и се праќа на боледување – сѐ до ноември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)