е (гл.) - секој (зам.)

Често преслечен секоја недела, — изгледаше како да е секој ден спремен за на гости.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Не е секој ден Велигден, Тодоре, не е!“ — почна да очајува, не гледајќи излез од тешката положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, деца, како шо гледате и ние останаме баеги на куп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И блажен е секој од вас што во борбата своја, омалодушен пред многуте безверници што го напаѓале, еднаш се сетил сам и унижен, па заплакал: ’Господе!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
КОСТАДИН: (Ја пушта). Ех, Симке!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И да сакам не можам, вели, на стар човек — стара е секоја облека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој прегризан бут и секое распарано уво е секоја капка крвава пена од пијаните челусти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
АМЕРИКАНЕЦОТ: Do you speak English? БОРИС: Најн. Дојч. Ти дојч? АМЕРИКАНЕЦОТ: No. БОРИС: Епа ноу. Не е секој ден Велигден.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Корисно е секоја дадена локална култура да се опише како посебен сплет од жанрови“, пишува Рос Чејмберс, „при што жанрот се сфаќа како конвенционален хабитус што повлекува разбирања и согласности во кои не мора конкретно да се преговара за ‘видовите’ на општествена интеракција кои се возможни под закрила на таа култура...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бескрајна радост во срце бие мил ми е секој ко брат, ко свој, славата моја кој ќе ја скрие. – Единајст' Октомври- празников мој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
По булеварот Saint-Germain сликарот стар е секој ден.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тоа е секој ден во Караорман и бере дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците (чл. 128, ст.4 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сменски работник е секој работник чијшто распоред на неговата работа е дел од работа во смени (чл. 5, ст.1, ал.8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)