е (гл.) - грешка (имн.)

25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој не е грешка, не е ничиј пукнат кондом, не е ничие безгрижно пролеано семе, ничија неспособност за самоконтрола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој е повеќе од сигурен дека таа мажачка е грешка и дека нема да излезе на добро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ за тоа мислам и постојано се прашувам самиот: аџамија ли сум, пијаница ли сум, во што ми е грешката, та што не ми даваш изан, да го земам и јас мајсторското писмо?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)