е (гл.) - клуч (имн.)

Лажев, а лага не чинев, оти со сила лажев, под принуда, за да се спасам од него, од нечестивиот: му реков дека Граматикот не спие, туку дека бдение чини и молитви усрдни кон Бога, и дека невозможно е клучот да се украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Воопшто не е важно дали е клуч или обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Му објасни на Мартина сѐ: ако е за тоа да го убијат Бошка, тие сто пати досега можеле да го сторат тоа. Туку Луман е клучот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
* На ова место по вторпат прекинав со пишувањето на приказнава, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто го лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)