На пат за чешмата е куќата на бабата Бисера.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
3. Наквечер дојди, наквечер, наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста каде е куќа весела?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Света е куќата моја: со барут и железо полна е; не ќе ја срами Неда родината своја.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Овде ти е куќата отворена! продолжи Али Фети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Книгите се читаат, дедуле. - Книгата на пророштвото за нас е една куќа. Тоа е куќата што воздивнува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дури си млад, вели Радевски, кај ќе застанеш, таму ти е куќата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И оди почесто, особено да се напивуваш таму кафе за да ми е куќата отворена.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Цел ден забава, се јаде и пие, а никој не знае чија е куќата и кој ги плаќа сметките.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ако ти ја немав посадено јас, зар ќе ја пронајдеше на некој од оние ваши состаноци, не знам колкупати и каде ги имате одржувано!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Совеста не доаѓа од никаде. Совеста не е куќа па да седнеш и да ја изградиш!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дом? Дали тоа е куќа, семејство, град, нација, држава?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да му каже дека пуста ми е куќата без него и без неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)