е (гл.) - срам (имн.)

- Пијаницо! - викаше кметскиот. - Пиеш, ама со туѓи пари пиеш. Не ти е срам!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нели ти е срам да седиш овде скриен како баба?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Не ти е срам бе, татко моеш да им бидеш - го подјебавав и му намигав на другарчето до мене.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Нека ви е срам вам! викаа испијанетите свадбари, - младенци се венчаваат, радост се прави, а вие мртовец ни пикате...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги гледам нив, а ги слушам другите и нивните коментари: „Одвратно! Па тука ли, бре, пред сите! Како не им е срам!?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да, не ми е срам да кажам: во тој миг, само во тој миг сум го сакала Јан Лудвик, иако и пред тоа ме привлекувал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се свртев вака и ми врнат солзи ко град, што се вели, од ништо не ми е срам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му е срам со прво да те види.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зар не ти е срам од Апостол Макаровски и од Манол Форевски, му велам, заедно сте растеле?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ми е срам да ти речам да се венчаме, вели, дека Никифор...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Како не ви е срам, голи жени гледате, а? - свика Анета, и божем тоа не ја интересира, ја сврти главата, ама кришум погледнуваше во сликите од списанието.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Колку ми е срам! Поарно да не сум жив. Отсега нема да бидам таков!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зошто да ми е срам? Срамота е да лажеш, а не да ја кажуваш вистината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И така од век во век, од облак на облак.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Изгледа, Данте цапнал со лева нога во денот кога ѝ префрлил на Пиза дека е срам за родот човечки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Веќе ми е срам да живеам. Сите што умираат се помлади.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред него ми е срам и скутината да ја сопашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И што да гледам повеќе, си мислам, веќе ми е срам и ми е страв да го гледам повеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да ти е срам да кажеш - како.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му е срам да ме гледа, да го гледам. 43
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми е срам: сонцето ќе ме изеде, виделото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега не ми е срам од Уља, вели Мирче, сега ми е срам да ја сретнам Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе ми е срам и од мене и од жената, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па ти мижи, ќе ѝ велам јас, ако ти е срам, мижи, ќе ѝ велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)