е (гл.) - опасен (прид.)

Еднаш кажуваш дека е опасна, а еднаш полезна! Како да го сфатам ова? – се побуни Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој коренен преврат не е опасен само ако е резултат од самостојното развивање на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И она за каменот што секој човек си го носи околу вратот, тој вели е опасен само ако се најдеш во вода, тогаш те спушта на дното и не ти дава да дојдиш до површината за да загоуниш малку воздух, те држи, вели, долу, додека не ти ја разејне устата и да те напоуне су вода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Борбата со него е опасна не за него, а за неговите противници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Е, ама е опасна, ги слушам зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Книжевната критика е опасна по живот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Чадот не е опасен и не пречи да се изгради бањата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)