е (гл.) - страшен (прид.)

Компјутерите се исто така машини-автисти и самци, она поради кое страдаат и се одмаздуваат е страшната тавтологија на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Губењето на чуството за време е страшна работа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Науката е страшна работа, заклучив поради што скромноста ме тераше да се срамам од својот очигледен успех.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во овој кораб е страшниот капетан Симеон со својата храбра посада.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Да сфатиш дека си преживеал е страшен шок. При прифаќањето на тој избор се чувствуваш како да си распрснат во солзи“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Kristine Stiles ПРАГ НА КОНТРОЛАТА destruction art and terminal culture (деструкциската уметност и крајната култура) „е.д.е.н“ „Ние го преживеавме ова доба“, пишува Херцог на Сол Белоу (Below) во едно од своите неиспратени писма.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- „Стравот е страшен, велеше Лазор Ночески, само за оние што му се плашат.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)