е (гл.) - празно (прил.)

Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, болежлив и сѐ уште до крај нездушен со луѓето, постојано се мавташе низ бостаните, низ житјата и покрај лозјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сум силна без тебе, нема ден, нема ноќ, сѐ е празно, убавината е илузија, реалноста е грдотија, животот е пустелија, а љубовта знае да биде сурова.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Војводо, градот врие од луѓе, од автомобили, од музики, од врева. А мене сѐ ми е празно. Сѐ!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам, велам, сѐ ми е празно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И однатре и однадвор ми е празно, велам, празна сум целата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Лажеш. - Ти лажеш. Откопај го кутичето и ќе видиш дека е празно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ситен, црн прав. Небото е празно, пусто.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Селото, вели, скоро е празно. Мажите на печалба, школото затворено, децата учат во Билишча каде секој ден комбе ги носи и ги враќа, а камбаната ретко бие и поретко црквата отвора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не смеам да се свртам, да видам дали останува нешто зад мене или сѐ е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу нас сѐ е празно, сиво. Само по некој оголен трн се ниша на ветрот, по некој глог се црнее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)