е (гл.) - страшно (прил.)

Овде е пострашно од пеколот на Данте со векови реки се полнат од плач но пирејот повторно расте и расте попусто го корнат им пркоси пак
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Не е страшно ако го убијат веднаш. Човек и очекува да биде убиен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе дојде татко ти и не ќе има што да вечера. Да оди да купи леб. Па тоа е страшно!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко ти и јас постојано го чувствуваме твоето отсуство. Куќата ни е страшно празна без тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А во Bronx и понатаму е страшно, луѓето и натаму гинат, населби исчезнуваат срамнети со земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ е страшно... Не знам како ќе се живее... Фрлаат врз нас некаква „пајажина“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако тоа е страшно ризично. Посебно овде на Балканот. Поради тоа ние би можеле да се скараме, да се степаме и да се заколиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ние мислиме дека она за мачката на директорот на поштата е пострашно“ , му рекоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Животот во пустината! Ах, тоа е страшно, Ана! И Смарагда...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многу е страшно ова да се каже, но кога синчето умре, ете, убедена сум, дека ти помисли за тоа дека барем една грижа помалку.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ТРОШЧЕЈКИН: Не да е страшно, туку дури е и престапно. Вчера, денес, сѐ беше така спокојно...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гледај, колку е страшно нејзиното лице. Ама, погледај!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Но, она со мочкањето крв по неколку дена во месецот, тоа е страшно - ако е вистина. Нели не е?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ах! кутриот човек!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше тргнат да оди во полиција!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е страшно! Уште од шест часот не е веќе жива!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Испи една чаша вода, го потргна Фигаро за опашката, погледна низ прозорецот, нацрта едно човече со седум нозе, но ништо! Без баба си е страшно осамен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа не е страшно, ама станот зад мене цел се гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Во градот е страшно, - рече. - Затворите се преполни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секако ми го дезинфицираа удреното место - ме печеше и мирисаше на алкохол; потоа ми ја сечеа косата на тоа место и пак дезинфицираа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не е страшно“, ја слушнав докторката, „само површинска повреда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога има брашно, не е страшно - потфрли Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А моите малечки деца се искрадоа од дома и ете отидоа за да можат со отворени очи да гледаат во тие грозотии. Нели е страшно тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бигорот што му го беа оставиле овие мисли и ова страдање можеше да се насети по зграгорениот, вџасен поглед на неговите светли, продорни очи, по бледото, испиено лице, по предвреме побелената разбушавена брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)