Ти не жалиш ли за тоа? А што правеше со неа? Де, кажи, сами сме во оваа дупка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)