39. На денот на твојот погреб, освен што им ветив на синовите дека ќе напишам книга им дадов уште едно ветување, кое за разлика од првото не зависеше само од мене.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)