Хомосексуалната желба што ја чувствуваат гејовите ги става во субјектната положба на жените и симболично ги бележи како женствени, но таа и им овозможува да задржат барем некои одлики на традиционално мажествени родови улоги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машките геј-културни практики, затоа, се склони да си ги сместуваат субјектите, без разлика дали тие субјекти се стрејт или геј, во положбата на исклученото, на дисквалификуваното, на изведбеното, на неавтентичното, на несериозното, на патетичното, на мелодраматичното, на претераното, на извештаченото, на хистеричното, на феминизираното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ајде сега да резимираме како функционира тоа настранување во случајот со геј-женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број машки геј-културни практики ја нагласуваат женствената позиционираност на геј-мажите, активно поттикнувајќи си ги учесниците (од обата пола) да ја заземат општествено обезвреднетата и маргинализирана положба на жените, па дури и да ѝ ја преувеличат маргиналноста и деградираноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)