заканува (гл.) - опасност (имн.)

Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А бидејќи на кусите излагања на нешто посебно сложено им се заканува опасност, јас ќе се обидам да ја назначам почетната точка за едно можно исчитување, разликувајќи ја темелната “експликација” (филолошка), и “интерпретацијата”, и ќе назначам, на едно чисто филолошко ниво, уште понекој нов значаен момент.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Една од моите основни цели е – без оглед колку ќе останам овде – воопшто да не подлегнам на оваа опасност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ласте беше тежок; му тежеше снагата и доколку одеше на левата страна од улицата, се зашантуваше в десно и, кога ќе почувствуваше дека го преминува работ на тротоарот, и дека му се заканува опасност од улицата, веднаш се коригираше и навалуваше в лево.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
2) А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пукнатините на куќата зафатија сѐ повеќе да се шират и секој момент се закануваше опасност куќата да се урне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разболе и лекарите му забранија да пие, а жена му и син му ги советуваа да не му даваат можност да доаѓа во допир со пијалок, зашто му се заканува опасност да умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пукнатините постепено се ширеа и се закануваше опасност да се урне куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Умен е и мил! - рече Денко, откако се увери дека од кучето не му се заканува опасност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ним не им се заканува опасност да поверуваат во сопственото својство на маси: исклучени од субјективноста и живиот збор, тие никогаш не поминале низ стадиумот на политичко огледало.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не може да ни биде потешко од сега, на децата им се заканува опасност од глад, а и јас тешко ќе ја додржам рожбата во себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)