XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)