Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За да се одбележи тој домашен настан, Султана ги засука ракавите, отсеа брашно и меси турта9).
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Па ние ги засукавме ракавите за вие господата да јадете бели сомуни. И, што мислиш, ќе слезев ли јас да не беа „овие“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сакам да засука ракави и да стане достојна за маж.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сум ги засукала ракавите и само го мијам и го ложам со вазелини, со пудри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Јас стојам над него со засукани ракави и со тесто во рацете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ни даде човекот, со снебивање ни даде. И зедовме, ги засукавме ракавите, му исправме и му ги спруживме алиштата да се сушат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И откако се оженив со Велика, ги засукавме ракавите. Јас, Мирче и Велика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)