Карактеристично за Мистер Том е тоа што течно зборува англиски што никој не го разбира, па дури ни тој самиот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сакав да го прашам дон Хуан за тоа и со мака се обидував таа своја мисла да ја искажам на англиски, а тогаш се сетив дека тој не зборува англиски.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Германската филмска ѕвезда, Ани Ондра (Anny Ondra) одвај зборуваше англиски и бидејќи дублирањето, како денес, тогаш не постоеше, нејасните места ги снимав со помош на англиската актерка Џоан Бери (Joan Barry), која беше сместена во кабина надвор од кадарот и која го зборуваше дијалогот во микрофонот пред себе, додека г-ѓицата Ондра само ја отвораше устата, како да зборува.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Необично е што сега детето не може да зборува англиски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборуваат англиски, италијански, македонски, грчки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На такви размисли го поттикна еден необичен настан во Англија, кој му го раскажа Татко на Климент Камилски при нивната најнова средба: Едена млад Англичанец, припадник на семејство од француско потекло одеднаш ја изгубил моќта да зборува англиски, и, на општо изненадување, започнал да зборува француски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)