зборува (гл.) - гласен (прил.)

Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И колку поблиску сме до позарот, толку почесто го слушаме македонскиот говор и изненадени сме затоа што леринскиот пазар многу личи на битолскиот, а и кафеаните и кафулињата и малите ресторанчиња личат на битолските, но со таа разлика што во Битола се зборува гласно, а тука, во Лерин, тивко и внимателно и само во свое друштво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гледајќи се така еден со друг како шетаат ноќе, како зборуваат гласно, како се жалат на несоница, на главоболки, на нервоза - стравот уште повеќе им растеше; добиваа вртоглавици; земјата им се качуваше горе, а небото слегуваше долу: како да лебдеа во облаци; се тетеравеа и се придржуваа да не паднат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Започнаа да зборуваат гласно.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
-Не ми кажа кое ти е другарчево, - ми се сврте пак мене и јас знаев дека ќе морам да ѝ објаснам, оти таа е толку многу љубопитна што не би поднела да не го дознае тоа што ја интересира. Ѝ дадов знак со раката да дојде в кујна, за да не зборува гласно пред Чавка и таа се загледа во мене со големо внимание.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Директорот и актерот зборува гласно помеѓу себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу момчиња и девојки прегрнати, со кригли пиво в раце, на една тркалезна маса, сите пијат и зборуваат гласно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)