Го избегна судскиот праг. Се упати кон реката, небаре за да земе воздух, некаков залет, пред новите чекори.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Винстон зеде воздух. Ја отвори устата да проговори и ништо не рече.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега зеде воздух и јасно праша: - Прашувам кој од вас двајцата се вика Бугарин? - Јас господине, - рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Холанд избрзува при укажувањето дека Хајдегер е машкоцентричен философ иако некои негови поими им нудат на жените можност да земат воздух (104).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
А логотетот пребледе и се фати за срцето. И сите, освен Лествичникот, погледнаа в земја. Логотетот не можеше да земе воздух од изненадување; личеше како да ќе го удри кап. Побара чаша вода, за да се соземе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тодора длабоко зеде воздух:
„Може ќе си речеш, оче, каква ли е оваа жена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кајмакамот зеде воздух, воздивна. Какво ќе е ова брзање?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Петре зеде воздух, ги наду градите и избегна да се потпре на болниот колк.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не можеше да земе воздух.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
БОРИС: Јас мислев не може да земе воздух. Кој е тој?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Ако не се лажам, ти си момчето Молња, нели? - Јас сум, се подисправив и зедов воздух за да изгледам поразвиен во градите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А бев изненаден. Не толку од гласот на Катерина колку од онаа вистинска средба со Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се обидував да земам воздух, го слушав неговиот глас: „Те молам, не плачи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- „Тато, зедов воздух, да се вратиме...!“ Навистина било многу важно да се земе воздух.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Човекот додатно зеде воздух. Изгледа, му недостасуваше.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)