земе (гл.) - шише (имн.)

Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Андреја го зема шишето.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
БОГДАН: (сe враќа радосен, го зема шишето и го пои). A још једну ... још једну ... још ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Го победуваше. Стана и го зеде шишето од другиот крај на масата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ПОЦКО: (Отпива, му дава на Теодос.) Повели, куме...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Го зема шишето.) Како благословивте, така бог да даде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го зема шишето и доаѓа до коњот врзан отспреди.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како ин фаца зар не си чул дека тоа е во мода?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Му го кине фустанот) Види колку е волнест! Си требал да се депилираш, свињо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Порано деликвентите не беа такви. Слушаа рокенрол и не мачеа малецки луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Фала ти, Грета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога Трајче дојде до задниот камион, нешто му падна на ум, веднаш скокна од коњчето и го зеде шишето со бензин, што беше му го дал чичко Тале за горење.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Грацио, боно бамбино! - израдувано викна стражарот со брадичката, го зеде шишето и кошничето со јајцата и влезе во стражарницата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)