знае (гл.) - нивен (прид.)

Тие ја знаат нивната историја и историјата на соседните народи и земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова беше еден од тие моменти, и јас од дете ја знам нивната величественост.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа не е ни чудо, кога се знае нивниот степен на културата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Не го знаете нивното лицемерие, вели дедо, сѐ што ќе ви ветат пак ќе погазат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колата со туѓи регистарски таблички и со луѓе кои не го знаат нивниот јазик – е сомнителна работа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие не ме гледаа мислејќи дека не ја знам нивната тајна. Се лажеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)