избрише (гл.) - со (предл.)

Одбра едно, го избриша со дланката и ги закопа забите во неговото сочно тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Доживувањата од екскурзијата како некој да ѝ ги избриша со сунѓер, оставајќи ѝ ја таблата чиста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се избриша со крпата што се сушеше наблизу и седна не знаејќи што да прави со себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)