изброи (гл.) - и (сврз.)

Ќе ги наредев потилје, само на една страна свртени да спијат, ќе ги изброев и ќе си легнев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се свртел Итар Пејо, ги избројал и нему пак осум му излегле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рајана не може харачот да го плати, а од тебе ќе се бара до акче да ни изброиш и без пари да не ни идеш пред очи. Сакаш ли тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)