5. Паузи, одмори и отсуства а) беше утврдено дека работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа (сметано од крајот на едниот, до почетокот на следниот работен ден) (чл. 26 од ЗИДЗРО/фев.13); 29 В. погоре – исто како кај образложението во референца бр. 18 34 б) материјата која го регулира годишниот одмор претрпе две измени, и двете на штета по правата на работниците: ● со измената на чл. 139, кој го регулира правото на работникот кој прв пат заснова работен однос на цел годишен одмор, се воведе дополнителен услов и тоа тој да работел непрекинато најмалку шест месеци кај ист работодавач, без разлика дали се работи за полно или пократко работно време од полното (чл. 27 од ЗИДЗРО/фев.13). ● екслплицитната одредба која нормираше дека работникот има право на обештетување за неискористениот годишен одмор, без разлика по кој основ му престанал работниот однос, се замени со формулацијата дека работникот може да бара обештетување, но само ако тој претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја (чл. 7 од ЗИДЗРО/ јан.12), што de facto е значително понеповолна ситуација за работниците; в) воведена беше обврска за работодавачите за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го известат подрачниот државен инспектор на трудот (чл. 28 од ЗИДЗРО/фев.13); г) во сферата на мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство, покрај дотогашните постоечки случаи, се додаде и мирувањето во случаите на здравствените работници и здравствените соработници, вработени во здравствени установи, упатени во хуманитарни или мировни операции во медицински тимови надвор од територијата на Република Македонија и на воените обврзници од резервниот состав на Армијата на Република Македонија - активен резервен персонал, aнгажирани во единиците на Армијата на Република Македонија заради учество во мировни операции надвор од територијата на Република Македонија согласно со закон, а чие упатување, односно ангажирање бара привремено да престанат да работат кај работодавачот во траење до 8 месеци, им мирува работниот однос за време додека трае нивното упатување, односно ангажирање и имаат право во рок од 15 дена по престанокот на упатувањето, односно ангажирањето да се вратат кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на нивниот степен на стручна подготовка (чл. 1 од ЗИДЗРО/апр.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)