Така, наместо 60 дотогашниот основ кој се однесуваше само за неводењето електронска евиденција, сега одредбата се прошири и ги опфати и санкционира и следниве дејствија: неправилно водење или злоупотреба на електронската евиденција; • трето, беше прецизиран и рокот на траење на забраната, но кој се однесува само на случајот кога ќе биде затекнато лице кое работи а нема засновано работен однос – при што таа трае 30 дена од денот на врачување на решението, а не како дотогаш „до отстранувањето на неправилностите“ (чл. 6, ЗИДЗРО/дек.08); и • четврто, се задолжи Управата за јавни приходи, перманентно, да го известува надлежниот инспектор на трудот за работодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно најниска плата, за претходниот месец (чл. 261, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)