изгледа (гл.) - отсутен (прид.)

Гледав како таа оди лево-десно, но Симон не осеќаше дека стежнува и дека се фатила риба. Ми изгледаше отсутен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите беа добро расположени, освен Лета. Изгледаше отсутна и замислена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку и да се трудеше да се вклучи во општото расположение, слабо ѝ успеваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)