Изградил куќа и сега, кога ќе се врати, ќе побара да го примат како „печен“ монтер во „ФЕМ“ во Неготино.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да изградиме куќи од песок но дом од најцврсти темели, столбови на разбирањето, почитта, љубовта, вредностите на вистината. Тоа би било нашето највредно наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Китан го осудија на робија; издржа некоја година, но кога дојдоа Австријанците, ги отворија затворите и Китан се ослободи; за да не дојде до повторни караници и тепачки, Китан се тргна настрана и изгради куќа на лединката под каменоломот од Танаил; и немаше веќе расправија меѓу нивните семејства, сè додека не почнаа експлозиите...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Китан изгради куќа под каменоломот, на местото што му припадна од неговиот татко, при делбата со татко му од Танаил.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Ја направи ли тој морон таа огромна куќа што за ништо на овој свет не му треба?“ го праша Летка мислијќи на плановите на Еда во Брамптон, Канада, да изгради куќа со дваесет и пет соби. „Не“, рече авторот...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Така се вика еден расказ на мајка ми што го напишала десет години пред да ја изградиме куќата, а втората причина е можеби и поважна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, кога реши да се жени, тоа беше вистински циркус, и нормално како секој пожртвуван родител, баба ми му изгради куќа.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И дури тие бараа начини како да го поделат, од затвор се врати Грдан и продолжи со својата намера да изгради куќа на своето парче земјичка на брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Минувајќи по тоа место, му се допаднало и решил да изгради куќа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во нејзината близина ја направил својата куќа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Продолжил да копа и да пронаоѓа пари и камења со интересни белези.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Имам впечаток дека таа го забележа моето изненадување и побрза да објасни дека не изградиле куќа затоа што местото не е нивно и сама се прашува – како да градиш куѓа на не свое место?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Изградив куќа во Долно Дупени само затоа за да бидам поблиску до Герман.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Претпоставките во науката се нужни, како што е нужно скеле да се изгради куќа“.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)