изгуби (гл.) - свест (имн.)

По него ги пресече ортомите и на другите обесени и овие се истегнаа наземи. — Вода момчиња! — извика на турски мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чувствувајќи дека брзо ќе ја изгуби свеста, просто, како поинаку и да не може да биде, узна: ако некој не му помогне, нема да стане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Хајнерле ги преврте очите и изгуби свест.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зедов влажната крпа која лежеше на масичката покрај креветчето, и поминав со неа по неговото чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се скинаа жилите од Мисирлиовите раце и тој падна онесвестен врз лопатата жар и курешниците, чија смрдеа му го размати мозокот и изгуби свест.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога дојде саатот новиот човек свет да прогледа, Доста веќе беше изгубила свест.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп Димитрија, кој одамна беше изгубил свест.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Падна и неговиот труп врз лопатата со жар и курешници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не стигна ниту до крај да се израдува на снегот на тротоарот што се топеше под врелината на неговите стапки, кога почувствува дека нешто го ѕвекна по главата. Изгуби свест.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)