издолжи (гл.) - рака (имн.)

- Игуменот ја издолжи раката кон тепсијата, позеде едно ноџе од прасето вцрвенето како рак. - Повелете, повелете... - ги нудеше полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тетка Анѓа снеможено ја издолжи раката над главата кон долапот, обидувајќи се со нешто да нé почести.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Почнаа и другите: Танас, Ѓеле, Митре, Васе со мака ја издолжи раката и рече скиселено: - Не можам да стигнам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Танас се приготви да летне по кошницата натрупана со искршени шишиња, но учителот ја издолжи раката и го запре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Знам, вам ви е сега поважна границата... - ја издолжи раката со празна чаша кон игуменот да му тури.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)