изеде (гл.) - волк (имн.)

А таквата, додава несрдениот раскажувач, ако не ноќеска, некогаш друг пат ќе ја изеде волкот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Никако да го прежалат козлето на Сеген што го изеде волкот, а се плашеа и од други волци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ГАВРИЛ: Во шума сум. Ќе ме изедат волци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)