Аристократската идентификација зазема еден вид естетска или замислена надмоќност во однос на таквите луѓе.
Аристократството, така, им овозможува на обезмоќените еден заменски идентитет: таа претставува симбол, фигура, поза (или противпоза) чија функција е да ги изземе оние што ја заземаат од абјектноста на која инаку би ѝ подлежеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Аристократското идентификување, на крајот на краиштата, одамна им овозможува на припадниците на буржоазијата, или на секој што нема врховен статус и авторитет, средство за оспорување на општествената моќ на сериозните луѓе – односно, на луѓето чија општествена положба им налага на другите да ги сфаќаат сериозно и чија стаменост е начин да се спроведе наложеново.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нашиот народ, на овие простори, никогаш немал своја држава, ако се изземат оние митските, во фантазмите на занесените.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа на средните сталежи им е начин да се издигнат, нешто како Веда во Милдред Пирс, преку презир кон сѐ што е средносталешко (Веда е најсредносталешка токму кога ја презира љубовницата на татко ѝ зашто била „упадливо од средниот сталеж“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа е средство преку кое можеш да си ја заземеш повисоката положба што ѝ прилега на општествената елита, заедно со критичкото држење кон обичниот народ што го овозможува таа положба, без притоа нужно самиот да им припаѓаш на повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)