излезе (гл.) - тој (зам.)

Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Марш! - прв излезе тој. - Строј се по еден! - ја повтори наредбата и подвикна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Аргир ненадејно замолча, се стресна уплашено, како некое страшило да излезе тој момент од ноќта и застана пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја гледа Богдан сликата и пред очите му излегува тој жежок јулски ден: гори полето под врелото сонце, а тој со мајка му и со другите аргати од селото жнеат жито во нивјето од кметот на селото; се исправаат повремено за да ги ублажат болките во превитканата половина, да ја избришат потта од лицето и да му се подзавртат со грбот на сонцето што ги дупчи в глава, што им го зовира мозокот, зашто нема каде да се засолнат, да се подзаскријат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Прво излезе тој, во долг капут како војнички шинел, па „канаринците“, стуткани и веќе испотени од премногу природна волна врз себе, како јагниња, и на крајот таа, како градска госпоѓа со кадрава фризура и во астраганската бунда.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите деца излегоа на тебе, го колнеше кога знаеше дека нема веќе да излезе тој ден: ни едно не се врати; и ти беше таков - кога ќе излезеше, не знаеше за враќање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Му излезе тој војвода пред очи и на Куртиш ефендија, оној, кој ни носеше шеќерчиња.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)