Јас ви тврдам дека Братството постои, но не можам да ви кажам дали во него има сто членови, или десет милиони.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ја видов, помислив дека има сто и педесет години, нешто повеќе, нешто помалку, но тука. Беше збрчкана, штрбава и грбава.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Телото си го даваш. Како да имаш сто. Душата ја чуваш.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)