има (гл.) - четири (бр.)

Меѓутоа, сега, има четири и повеќе години, властите се обидуваат да ја поправат состојбата со патиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во собата имаше четири телекрани, по еден на секој ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Атентаторите ги има четири, сите во одделни ќелии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во играта ти имаше четири аса.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има три-четири дена како се наклава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Димитар имаше четири месеци кога се роди Филип.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На добар пат е да стане енолог.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Коњот е друго, има четири нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
СИМОН: Шест месеци пол година пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец. (Пауза.) Мајчице моја. (Пауза. Влегува Мими со Стево.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: (Пее) Шест месеци пол година, пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но потребно беше повеќе од просто мнозинство за да се изгласа мерката, а нејзините поддржувачи имаа четири гласови помалку од потребните 56.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Костовица, сакам да речам мајка Евгенија, имаше четири свои сираци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Околу масата има четири столици со плетено седело од рогоз.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во основа имаше четири транспорти: кон крајот на јули 1949 година , во половината на септември и во октомври, во ноември и во декември.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денес имам многу повеќе години, многу помалку коса на главата, немам фикус на балконот и сѐ уште немам одговор на прашањето што ми го постави татко ми кога имав четири години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако меѓу вас постои некој кој сè уште смета дека е предодреден за повисоки нешта, имал четири години да ја докаже вистината.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Остави ја нека тетерави додека не ја изеде лав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И молчев, молчев, ожалостен и намален божем да имам четири а не пет години.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Имаше четири цевки, по една на секој агол од кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, луѓето веќе престанаа да се вртат околу градилиштето, зашто смешната шапка од магла сосема нѐ криеше од нивните погледи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Внука ми Милица има четири години. Уверена е дека Шиљо постои и сака да го посини.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Татко му на шнајдерот, Коле, имаше четири машки и едно женско а брат му Лазо имаше пет женски, и нормално не им стигаше ни земјата ни куќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас придонесов да ѝ биде уште полошо; имав четири години, а имаше едно девојче со кое си играв, се викаше Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас тогаш имав две години. Мајка ми имала четири деца и едно умрено девојче по име Маре, на девет години ослепено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Низ солзи се сетив на времето кога имав четири години и сега на шеснаесет, повторно исто – умре мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Електричната греалка која имаше четри реда, грееше само со едниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа се сеќаваше на сонцето, на ликот на сонцето и небото, тогаш имаше четири години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)