Во однос на обединувањето на Македонија се потенцирала нивната подготвеност за прифаќање и одобрување на формирање на македонската држава во рамките на Федеративна Југославија, но дека тие со сите расположливи средства би се спротивставиле на формирањето на „голема македонска држава која има аспирации на грчки територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, исто така, Меклин го исвестил Тито дека Британците, од своја страна, ѝ го оспоруваат правото на Бугарската влада да ѝ трансферира бугарски територии на федерална Македонија без одобрение од Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)