Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Петре- Петре,пиралче, На грамада седеше... Имам куќа сараи, Кога ојдов да видам Една крива кошара!“ - Добро- рече Петре-ама ние сметање учевме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Влезе во неа со инструментот за мерење на јачината на потресот и преку жицата ја активира првин мината со послабо полнење, потоа со посилно и најпосле со најсилното и забележа во записникот дека се чувствува потрес од помал интензитет кој не може да предизвика вакви оштетувања какви што ги има куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не може да се претпостави какви огради околу или во близина можело да има, како изгледало околу бунарот, каков покрив имал, ако воопшто имал, дали имало куќи поблиску отколку што се сегашните? Кои луѓе живееле најблиску, како живееле, што работеле?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најпосле, рече Перо Питроп, оној што има куќарче горе над стариот интернат, тој истиот Методија, уште како млад, беше вешт за тие работи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Секому велам“, почна да зборува тој, држејќи ја рачката од мотиката меѓу нозе (се враќал од градина), “на секого велам“, повтори, “не е добро на пат да имаш куќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој има куќа во Маврово, нам нѝ го даде плацот за нашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу нѝ е близок, мајка ми ја нарекува сестрица – кога ѝ се обраќа, а за татко ми вели дека му е петтиот брат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но... Имаат и нешто друго. Имаат куќа у Козле, новоградба, двестапеес квадрата, архитектонско ремек–дело.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Чудно, наспроти неа, зад бараката во која сега е Дине Бочаровски, има куќа на четири ката, малтерисана и полна со пљачки по балконите што го чекаат сонцето за да се исушат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таму имавме куќи, градини, плодно и рамно поле, бел леб една педа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Секој на село имаше куќа градена од делкан камен и секој во Јанина, Мецово, Самарина и други места имаше палата. Палата, а не куќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Камо ново? - Какво? - Шарено! Нели имаш куќа на крај село ... Имаш!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Другарка ми Цвета имаше куќа на кат и кај неа се собравме јас, Цвета, Роса и Пола.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)