има (гл.) - сонце (имн.)

Или „постмодернист” во смисла на еден човек од дванаести век кој вџашено стои пред портата на една џамија во Анадолија која е направена од сталактити, во еден, така, кубистички стил, и врз која, зависно од времето на денот, сончевите зраци формираат портрет на девојка, кој дневно постои една минута, да кажеме, доколку има сонце.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, што е со раздразливоста, кога не е толку студено, има сонце или е лето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
СУЛТАНА: Кога ќе има сонце. РАЈНА: Имало па си седела дома.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Овде има сонце. Овде нема его.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа ме плаши. И ме држи во исто време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Боже!!! А кога таа се моли, кога таа се крсти, кога таа подига очи кон небото – кога светлината сончева и светлината од малендавото маслениче и го осветлува лицето, ох, каков отсјај има сонцето во нејзините очи, а молитвата нејзина - простодушна и срдечна, нескриено вознеслива и занослива, се чини Господа ќе го симне од небо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)