- Кога ќе се ослободиме - таа ја прекина тишината и го скрши молкот, но со глас во кој сите почувствуваа тон на комесарско предавање - тогаш, другари борци, по сите села ќе изградиме толку домови на културата, колку шо сега има цркви.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Мајката! И во ваа пустелиа имало црква!“ — и ако не беше се скарал со господ заради Миша, сакаше да крене рака, да се прекрсти; разгледа по околината да ја види црквата, но се излага.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Застанавме на местото викано Вишомо, од каде се шири мала возвишеност во чија средина има црква. Околу неа – празно.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но како денеска и од него, од куќичето, и од сиот тој ѕид нема ниту трага, само името на местото, Црквиче, наведува на помисла дека тука некогаш навистина можело да има црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Немаше време да забележам поединости. Видов имаше црква, не многу голема.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)