има (гл.) - мој (прид.)

На патот сѐ уште има мои одреди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истрагата веќе ги имаше моите исцрпни искази за “НиЕ”, а адвокатот го знаеше тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги има моите црти, мојот поглед и насмевка.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Да ги имаш моиве очи, ѝ велам, и ти така ќе гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој внатрешен океан го има мојот мирис, и звуците, градовите, годините што лебдеат низ него, обоени со познатото – еве ја сега мајка ми, нејзиниот стакато неизменично весел и строг, проследен со првата детска песничка што ја научив на пијаното.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кој ја имаше мојата мисла во својата глава дека треба да го закопаме на највисокото место?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да не даде Господ да ја има мојата судбина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Еве ти го, - му го дофрли и стана. - Има мои чкртаници, ама ќе се снајдеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако имав мои деца ќе настојував да им ја толкувам улогата на баба што раскажува приказни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оди на Запад или на Исток, секогаш ќе го имаш мојот благослов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За ова огромен придонес имаше мојата, би рекол, чудна станбена ситуација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)