Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беа дојдени божем за да вршат маневри, а всушност ги прогонуваа нашите партизани и вршеа реквизиција на новоовршеното жито.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„ Ги има насекаде“, рече Џулија ладнокрвно, легнувајќи повторно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Во Охрид, рече тој, има насекаде закопани богатства.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Воздухот редок а сепак чест – го има насекаде (се гледа по дишењето на пејзажот).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
За многумина станало јасно дека пожарот на “Гвадалкивир“ не бил случаен, туку бил дело на една координирана акција на револуционерните комитети што ги имало насекаде во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Сум видел многу нешта. И сараи на пашите има насекаде, кој од кој поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога Марија ќе земеше некој предмет во раката за да го разгледа - а нив ги имаше насекаде со десетици, прекрасни украси, - мајка му на Хелвиг веднаш ќе се створеше крај неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ваквиот развој ја означи победата на неразграничената геј-сексуалност над една претходна, дискредитирана, женствена геј-култура, од која долгоочекуван и добредојден засолн беше новиот модел на машкиот геј-идентитет сосредоточен на сексот.
Не е чудо што во заразната атмосфера на тие славни дни при крајот од 1970-тите, пред сидата и пред подемот на Новата десница, кога секс имаше насекаде (ако човек уште немаше триесет години, ако беше урбан, буч и не баш лош за око) и кога се чинеше дека утопијата е, ене, тука зад аголот – не е ни чудо, велам, што на младите геј-мажи како мене Џуди Гарланд не им вршеше многу работа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И шанкот! Како ли ѝ успева!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Го виде ли подот? Виде ли колку трошки имаше насекаде? Срамота за една жена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тоа овде го има насекаде, тоа е најтажната сцена на светот, потажна од бедата; потажен од оној кој проси е човекот кој јаде сам пред другите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Животот свети, а духот го има насекаде.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На големо изненадување на Еразмо, Ирена му го пружи розовиот чадор под кој, гушнати, ги броеја златните прстени на испружените раце и зборуваа дека тоа се само поголем број атоми на златната прав која ја има насекаде, па дури и во златниот сјај на тревите.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)