Токму во времето кога Ататурк, со Фетхи-беј Окијар крај себе, се пресметуваше со Отоманската Империја и со последиците од неа и од нејзиното агонично распаѓање, Татко се враќаше на Балканот, каде што уште многу, многу години ќе продолжи инерцијата на отоманското време, особено во судбината на исламските конвертити коишто ќе бидат далеку од Ататурковата револуција и од неговата лаицизација, живеејќи долго време во верска изолација и не можејќи успешно да се интегрираат во новите времиња...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бившиот Исток веќе не постои: новото источно устројство може да се создаде само размислувајќи за минатото коешто зрело треба да се интегрира во изменетата сегашност и иднина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во село непознатото е секогаш моќно или страшно, тоа се интегрира во заедницата или се смилостивува со жртва и ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Всушност, геј-движењето (како што тврди Дејвид Алдерсон) можеби е единственото прогресивно општествено движење од 1960-тите кое надмогнало, кое си го консолидирало успехот и кое остварило некои од своите најнеизгледни цели (како што е геј-бракот) – и покрај подемот и, најпосле, победата на Новата десница во изминативе триесет и пет години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна.
Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И се разбира дека ослободувањето на геј-луѓето од општественото угнетување, како и растурањето на некогаш универзалниот консензус за темелната патологија на хомосексуалноста, кои служеа да го оправдаат тоа угнетување, претставуваат апсолутно значајни многу обемни и неверојатно брзи промени, за чие значење не може да се претера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едгар Морен ќе ги открие фрагментите на своето балканство наследено од своите родители, солунските сефарди, поради што можеби и никогаш нема да биде целосно интегриран во западната француска култура.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Уште во 1996 г., тие се залагаа Македонија што побргу да се интегрира во Европската унија, залагајќи се и обајцата Рерублика Македонија, уште во 1996 година да го потпише првиот документ во долгиот процес на интеграцијата (Договорот за соработка и трговија со Европската унија), неколку години пред тоа да го сторат Романија и Бугарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)