искачува (гл.) - нагоре (прил.)

Воздухот само трепери и постојано се искачува нагоре. Како летна омарнина да гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам си велам, сам се слушам. Се искачуваме нагоре, на планината, а таа висока, камен да фрлиш од врвот нема кај да падне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зазбиван, тој се искачуваше нагоре не погледнувајќи освен пред себе каде што му газеа нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Постепено се суши глината и по некои сивкасти скалила нејзината душа се искачува нагоре.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во неколку долги чекори го помина бришаниот простор и навлезе во шумата над селото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Небаре да сум се искачувала нагоре, кон Млакине, во Присојон и како да сум го загубила редот во дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, ајде - одиме, се искачуваме нагоре кон шумата. Ќе фаќаме ветар како Давидета Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)