ископа (гл.) - дупка (имн.)

Е, некако ја однесов. Ископав дупка, покрај другите гропчиња, и ја закопав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„По ѓавола фати!“ му свикаа тие, „Ако ни беше до овошки, ќе ископавме дупки на оние места кај што можат да растат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И копај, копај, копај, и дувај си во прстите, одвај ја ископав дупката, за да му направам легало на девојчето. На Роса моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)