Од друга страна, Британската влада зазела сосема игнорантски став спрема НОД во Албанија, Југославија и движењето на отпорот во Грција, а тоа го искористил СССР, кој "покажал каде лежат нивните интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во поглед на британскиот став за народноослободителните движења на балканските народи, експертите на Министерството за надворешни работи на Велика Британија во својата рекапитулација на британската политика кон нив ќе нагласат дека во периодот кога се појавиле овие движења, пред сè НОД во Југославија и движењето на отпорот во Грција предводено од ЕАМ, тие како Министерство постојано укажувале и барале да се обрнува посебно внимание на "нашите краткорочни и долгорочни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)