Кога волкот се скри меѓу стеблата надолу, тоа го натера дури и да вресне од некаква топла, раздразнета ситост, што го исполни сиот.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога ќе се смиреа нивните тела, кога ќе се смиреше чунот, се враќаа наназад на брегот: Царјанка продолжуваше да ги бели алиштата, а Трајан да трча околу селото, да се искачува во муренковите бавчи, да шета низ костенарот, да крши дренови прачки, да шврка со нив низ воздухот, да свири, да вика, да пее, да го исполнува сиот простор со својот глас.      6   Портрет на куќата од Маруш.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)