Се наведна, ги истресе од својата коса светулките што ѝ ги посипа Бојан, па без збор стрчна низ ливадата, се нурна во темнината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби поттикнат од овој впечатлив сон кога се разбуди ја истресе од себе правта на ноќта и истрча на терасата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Стана, ја исплука земјата од устата, ја истресе од вратот, од телото и почна да се обѕирнува, да оди по телата што лежеа мртви.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пелагија со Малечката Пелагија и Мурџо минуваат низ жолтозлатната есен, газат по илјадниците лири истресени од стогодишниот брест онде од товарната платформа, газат по нив и по облата, излижана гранитна калдрма што тежи врз уличката од предната страна на фабриката Мичурин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Црни сонца гореа во срцето на овој нов ветер и милион изгорени лисја беа истресени од некое есенско дрво над хоризонтот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)