Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)