- Во карпине е тој пес, ја кренал дуријата Онисифор Проказник. - По мене, браќа ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)