крене (гл.) - на (предл.)

Тој се крена од местото, заврти круг–два, па се крена на задните нозе, извивајќи го снажното тело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се враќаше дома навечер од корзо, Баге прво ќе свратеше кај него и ќе го кренеше на раце како рулче - беше лесен како перце и сув како лешник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И мене косата ми се крена на главата. На ѓаволот мислеше Филозофот, и не се шегуваше!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Алајко и Мире застанаа скаменети. Слушаа и во миг со гордост, ги стегнаа десните раце во тупаници, ги кренаа на челото како поздрав, небаре ја слушнаа државната химна или звуците на Интернационалата...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И веќе знаев дека сѐ ќе е брзо готово, дека земјата обеспокоена од ѕверското будење на човечката крв нѐ чека да нѐ награди со црви, нас или тројцата со фесови: дотрча Ганка и се наведна над мајка си, се обиде да ја крене на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кажувајте, бре, тозлуци ќе направам од вашите кожи, од чабур ќе ви ја пијам крвта.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МИЛКА: Што беше тоа колната рака што се крена на него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откога пеењето заврши, врз сандакот го ставија капакот и шестмина селани од Ајдинци го кренаа на раце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве ја одбележана онаа осамена куќа, сама, крената на брекчето како светилник.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И вратата подотворена, катинарот кренат на гредата - никогаш да не ’рѓоса закатанет.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од оваа црна планина Кон сонцето раце ќе кренеме На погибел В сонце дур да се најдеме Ако не стигнеме Во црната трошка закопајте нѐ, Ако не стигнеме во воздухот угушени побарајте нѐ, Ако не стигнеме Рацете отсечете ни ги, На сонцето однесете му ги, Место нас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тоа се случи во деновите кога зимата почнавме да ја бркаме од собите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш, кога беше ти уште малечок, татко ти ја крена на раце печката и ја изнесе од собата во тремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се крена на небото, вели, се извиши над Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Филип Хаџиевски го изми казанот, го крена на рамо и се врати назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)